За Нас

  "СИНЕРГА" ДООЕЛ - Струга е основана во 2007 г. како фирма ќерка на фирмата "ХОРВАТ" ДОО – Загреб, основана во 1990г која зазема централно место на Хрватскиот пазар за ХТЗ опрема.

Синерга со својата модерност, професионалност, долгогодишното искуство и високиот технолошки развој успеа да постигне флексибилност и развој на иновации кои се се` поблиску до Вашите потреби за заштита на работното место. Најголемиот дел од нашето производство е наменет за нашиот германски партнер UVEX и таа долгогодишна соработка е само сведок дека сме спремни да одговориме и на најкомлексните побарувања од аспект на квалитет, квантитет и рок на испорака.
Работата на нашата фирма е развиена во две насоки - производството на работната облека и комерцијлен дел:

A. Производство на ХТЗ опрема – "SYNERGA"  колекција

  Синрега  е единствената фирма кој ги има добиено екслкузивните права за користење на целата колекција на фирмата "Хорват " доо Загреб , а воедно е и главен производител на целокупниот нивен програм.
Специјализирани сме за изработка на високо квалитетна заштитна работна облека , соодветна за работа во стандардни и специфични услови каде има потреба  од : заштита од високи температури, антистатичност, киселоотпорност, водонепропусност, висока видливост за работа на патишта, висок напон и сл.

Б. Услуга за везење и трансфер

  Синерга може одлично да одговори и од областа на везење и трансфер на најразлични облици,форми како и количини, благодарение на одличната опременост со најсовремен машински парк за таа намена, кој ги задоволува стандардите на ISO 2011, со изработка на везови со беспрекорен квалитет и брзина, а нудиме можност и за везење на капи на специјална вез - машина со една глава.

A. Ексклузивни застапници неколку европски брендови:

  • PORTWEST - ексклузивни застапници сме на оваа високо реномираната фирма за производство на стандардна заштитна облека од Ирска која повеќе од 100 години е присутна на светскиот пазар со своите понуди од областа на заштита на работниците од секакви непогодни влијанија за време на нивната работа и тоа: заштита на тело, заштита на глава, заштита на слух, заштита на вид, заштита на дишни патишта, заштитни обувки, заштита против пад и опрема со висока видливост.
  • GIASCO ITALY - горди застапници сме на специјализираниот производител на заштини обувки GIASCO ITALY кој ни даде еклскузивни права како единствени понудувачи на нашиот пазар за нивните обувки со врвен квалитет произведени во Италија по светски норми, лабораториски проверени и потврдени со меѓународно признати сертификати, во најразлични модели и бои.
  • DIADORA - овај познат италијански бренд секогаш ги поставува стандардите на заштитни обувки кои покрај целосната заштита даваат и ултра модерен - брендиран изглед кој ќе Ве издвои од топлата.Застапничките права кои ни ги дадоа за нашиот пазар ни овозможија ексклузивата да ја донесеме поблиску до Вас. Доколку сакате редефинирање на модерната безбедност, DIADORA е правиот избор за Вас.
  • UVEX - е германски модерен бренд кое е базиран на два столба, спортски производи и производи за лична заштитна опрема. Произведувачи на заштитна опрема од глава до пети, од заштитни шлемови до заштитни чевли. Брендот Uvex е со една мисија, заштита на лугетo.

Нашиот теренски комерцијалист Ви стои на располагање за презентација на колекциите на работна облека "SYNERGA"  и програмата на лични заштитни средства на  фирмите кои ги застапуваме 

Радован Јовановиќ 078/378-236